Филипче: Две лица починати, нови 72 дијагностицирани, вкупно 555 заболени

На клиниката за Инфективни болести почина маж на 63 година и уште едно лице е починато во болницата 8-ми септември, кај кој претходно бил потврден Корона вирусот. Ова на денешната прес конференција го истакна Министерот Филипче.

Филипче додаде дека три лица се пуштени од лекување од Инфективната клиника и уште толку лица се очекува да бидат пуштени во текот на утрешниот ден.

Министерот Филипче потврди дека бројот на новозаразени е 72 лица, а вкупната бројка на дијагностицирани пациенти е 555 лица.

На инфективната клиниика во моментов хоспитализирани се вкупно 74 пациенти од кои 15 се со тешка манифестација на болеста, нагласи Филипче.

Филипче нагласи дека наскоро ќе биде ставена во функција и мобилната болница која е во непосредната близина на Инфективната болест.  Пациентите со лесна клиничка слика ќе се третираат во домашни услови, а тие со потешка слика ќе се третираат во Инфективната клиника.

Болницата 8-ми септември се става на располагање за болните од корона вирусот, за потребите на хоспитален третман на овие лица.