„Филип Втори“ ќе ги спушта цените за да ги задржи клубовите на арената

Реакцијата следи по серијата критики од јавноста по инфоррмацијата дека за еден натпревар во Лига Европа Вардар плаќа по 40.000 евра, а цените се меч од домашното првенство достигнуваат и над 6.000 евра.

„Во интерес на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за сите страни кои се засегнати од новонастанатата состојба која произлезе со донесување на новиот ценовник за користење на Националната арена „Филип Втори“, со кој стопанисува Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката АДСДП – Скопје, a кој беше донесен со цел да се спречи финансиски колапс на стадионот и да се обезбеди понатамошно нормално функционирање на истиот, Ве информираме дека во тек е организирање на заеднички работен состанок кој има за цел изнаоѓање на позитивно решение во нај кус можен рок“ – стои во соопштението.

Реакцијата следи по серијата критики од јавноста по инфоррмацијата дека за еден натпревар во Лига Европа Вардар плаќа по 40.000 евра, а цените се меч од домашното првенство достигнуваат и над 6.000 евра.

Вардар денеска најави дека се сели од Арената и дека ќе игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде се подготвени и да инвестираат во стадионот.