Филип Темелковски ја презеде функцијата за градоначалник на Општина Кисела Вода

Новиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Билјана Беличанец Алексиќ, која раководеше со овој дел на градот во изминатите четири години.

По доделувањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, тие остварија заедничка средба.

Во своето обраќање при подигнувањето на уверението, новоизбраниот градоначалник Темелковски, ги потенцираше своите приоритети кои, како што најави ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните.

-Ќе работиме во интерес на сите граѓани и се надевам дека ќе имаме консензус со сите членови на советот и заедно ќе покажеме како може да се развива Кисела Вода, рече тој.

Во истовреме општинската изборна комисија им ги врачи решенијата и на новите советници на Советот на Општина Кисела Вода.