Филхармонијата ќе го повтори симфонискиот концерт за деца „Суперхерои“

Поради голем инетрес од публиката, Македонската филхармонија на 26 ноември од 12 часот ќе го репризира атрактивниот симфониски концерт за деца „Суперхерои“.

Под диригентската палка на Борјан Цанев, оркестарот на Филхармонијата ќе ги изведе популарните музички теми од филмовите: „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Е.Т.“, „Индијана Џонс“, „Џемс Бонд“…

Аниматор на публиката и овојпат ќе биде актерот Мартин Јордановски.