Филхармонија под отворено небо во Скопје

На 07 јуни, во 21:00 часот во  Градскиот парк во Скопје, Македонската филхармонија организира итенресен и несекојдневен настан. За прв пат досега, музиката на култниот уметник од Нигерија, Феми Кути ќе може да биде слушната со симфониски оркестар.

Музиката на Кути не е само обична музика во која можете долго да уживате. Со сплетот од фанк, реге и традиционална афиканска музика, Феми Кути до својата публика ја пренесува пораката за сиромаштијата и проблемите кои ги мачат жителите на Нигерија, но и другите земји во Африка. Преку својата музика, тој  има за цел да инспирира и на светот да му ја испрати пораката за работите кои треба на сите нам да ни бидат важни.

Феми Кути гостуваше и во рамките на Скопскиот Џез Фестивал во 2004 година.

Диригент на концертот е  маестро Џијан Емин.