ФФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварите со Лихтенштајн и со Србија

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба влезниците за претстојните квалификациски натпревари на сениорската и на младинската репрезентација.

А селекцијата на Македонија на 9 октомври ќе игра против Лихтенштајн на стадион „Младост“ во Струмица. Влезниците се по цена од 100 и 200 денари.

За дуелот на македонската селекција до 21 година против Србија закажан за 6 октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, билетите ќе чинат 150 денари.

Заинтересираните за присуство на овие натпревари билет можат да набават преку продажната мрежа на „mktickets“.