Фетуси во тегла и мајмунката Милева што грабна бебе „живеат“ во крими-музејот во Скопје

Покрај скелети, човечки органи и оружје, кои сведочат за најгрозоморните убиства во Македонија, во Музејот на криминалистиката  во Центарот за обука во Идризово е изложена, препарираната мајмунка Милева што грабнала бебе во Градскиот парк во Скопје.

Десетина дена пред земјотресот во Скопје во 1963 година, на мајмунката Милева во Зоолошката градина ѝ починало младенчето. Таа успеала да избега од кафезот, ја прескокнала оградата на Зоолошката и од количка во Градскиот парк украла десетмесечно бебе. Откако го грабнала бебето, се качила на дрво држејќи го детето во прегратки, најверојатно за да ја надомести загубата на нејзиното малечко.

Дресерите од ЗОО ја убедувале Милева да се спушти од дрвото и да го врати бебето, но таа не ги послушала. На крајот била застрелана, а бебето неповредено било пречекано во пожарникарско платноОд Музејот велт дека скопјанката, односно бебето што било киднапирано, а денеска е возрасна жена, која дошла да ја види Милева.