Фекална и атмосферска канализација за „Товарник“ во Чентo

Колектори за фекална и атмосфрска канализација се градат во моментов во населбата Ченто, на улица „Товарник“. Втората фаза од проектот опфаќа канализација во вкупна должина од 438 метри. Проблемот на граѓаните кои живеат во околните куќи кои со години не беа соодветно приклучени на канализационата мрежа конечно ќе се реши. Се очекува 200 куќи да бидат поврзани со канализационата мрежа и септичките јами да станат минато во овој дел од градот.

Со првата фаза беа опфатени 240 метри, а во иднина целиот дел ќе се поврза со централната канализација на главната улица. Општина Гази Баба во моментов паралелно спроведува слични реконструкции и во Трубарево, каде се гради фекална канализација, додека во Триангла се прават колектори за атмосферски води. Во момент се подготовки на документацијата за фекална канализација во Јурумлери и Смилковци, изјави градоначалникот на оваа општина Тони Трајковски.