„Фејтлес“ диџеј сет со Систер Блис на „Си Денс“ фестивал!

Авторката на неколку од најважните нумери во електронската музика, и музичката сила на легендарната група „Фејтлес“ (Faithless), Систер Блис(Sister Bliss) на 15 јули ќе настапи на „Денс Парадајс“ (Dance Paradise) бината на третиот „Си Денс“ фестивал.

Славната уметница од Лондон ја напиша музиката за музичките химни како што се „God is DJ“, „Insomnia“, „We Come 1“, „Music Matters“, „Salva Mea“ со кои „Фејтлес“ влезе во историјата на модерната музика како еден од најбитните бендови во историјата на електронската музика со повеќе од 15 милиони продадени албуми. Систер Блис има бројни синглови и два самостојни албуми, а има соработки и со имиња како што се Бој Џорџ, Дајдо, Егземпл или Роберт Смит (The Cure). Настапот на Јаз го потврди и најдоброто руско диџеј дуоФилатов и Карас (Filatov i Karas), творците на ремиксот  „Don't Be So Shy“ кој во претходните 6 месеци израсна во еден од најголемите планетарни хитови, освојуваќи ги топ листите по целиот свет.

Ним им се придружува и белградскиот бенд С.А.Р.С., кој на „Си Денс“ фестивал ќе прослави 10 години работа. На Јаз стигнуваат и големите ѕвезди на бас сцената, култниот диџеј и продуцент, актер и визуелен уметник Голди (Goldie), како и лидерот на новиот драменбејс звук Шај Еф-икс (Shy FX), кој го прати славниот емси Стамина (MC Stamina). Добитниците на „Ем-ти-ви“ наградата „Најдобар Адриа Артист“ и милениците на регионалната публика, которскиот хип-хоп тандем „Ху Си“ (Who See) и оваа година ќе бидат домаќини на главната бина на фестивалот. Сега веќе резиденти на фестивалот, Деда (Dedduh) и Нојз (Noyz) ќе ги изведат некои од најпопуларните хитови како „Đe se kupaš“, „Nemam ti kad“, „Dinamida“, „Nije preša“ и многу други.
 
Влезниците по подарок цена само до петок, 15 април до полноќ!

Влезниците за „Егзит“ фестивал по подарок цена од 3599 денари, со попуст од дури 55% ќе бидат достапни само уште десетина дена, до петок, 15 април до полноќ. Исто така, и промотивните влезници за „Си Денс“ фестивал по цената со 60% попуст, од 2220 денари ќе бидат достапни само до 15 април, по што цената ќе биде повисока!

Влезниците се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Преку сајтот exittrip.org се продаваат и туристичките пакети кои содржат влезници и сместување за целата „Егзит“ Авантура.