Фејсбук направи фатална грешка: по грешка прогласи многу корисници мртви

Многу корисници на најпопуларната мрежа на светот, добија известување дека починале, а над нивниот профил се појави порака „Се надеваме дека луѓето што го сакале (името на корисникот) ќе пронајдат утеха во она што другите го споделуваат во знак на сеќавање и слава на неговиот/нејзиниот живот“.

Станува збор за грешка која не се појавува на сите профили, но интересно е дека во еден момент со оваа грешка беше зафатен и профилот на основачот на Facebook, Марк Закерберг.

Се уште не е јасно што ја предизвика големата грешка, но проблемот ќе биде брзо отстранет.

Од компанијата се уште немаат официјално соопштение.