Фановите тргнаа кон аеродромот „Александар Велики“ (фото)

Фановите и обожавателите на ракометниот клуб Вардар веќе се упатуваат да го пречекаат европскиот шампион на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Европските шампиони на „Александар Велики“ треба да слетаат во 11:15 часот каде ќе бидат пречекани од илјадници граѓани.

Согласно предвидената агенда, ракометарите со брендираниот панормаски автобус ќе се упатат кон плоштадот Македонија движејќи се низ скопските населби, каде ќе се одржи и главната прослава за дочекот на Вардарци.