Ноќен Живот
27. December 2016 - 5:10

Фанки Фреш нова 2017 со светскиот DMC шампион во миксање DJ Jon1st

На 31ви декември во 22 часот, во Сити Хол во Скопје доаѓа светскиот DMC шампион во миксање - британскиот диџеј Jon1st, за кого легендарниот DJ Vadim ќe рече дека е најдобриот DJ кој го слушал зад миксетата, а настапувал со многу звучни имиња.

"DJ Jon1st е неверојатен зад декот. Буквално згази! Една од најдобрите журки на која сум бил во последниве сто години", воодушевен е диџејот кој издава за Ninja Tune.

Ексклузивна можност да ја испратите годината која многумина сакаат да ја заборават што побрзо, со светски познат DJ чија журка никогаш нема да ја заборавите.

Заедно со DJ Jon1st ќе настапат и DJ Goce SAF, DJ Chvare и DJ Hypertech.

Диџејот и продуцент Гоце САФ со години е синоним за одлична журка. Човекот чии скречови ги слушаме во легендарниот хип-хоп бенд САФ, и кој ја имал честа да настапува заедно со Bad Copy, Едо Маајка, Gang Starr Foundation и други познати музички имиња, оваа ФАНКИ ФРЕШ НОВА повторно задолжен за вашето одлично расположение.

И миксетата на DJ Chvare била главен виновник за огромен број фантастични забави низ земјава, на кои се слушале хип-хоп, r’n’b и фанк ритмови, а со DJ Hypertech на подиумот ќе владее фанк и соул ритам. Одлична комбинација од диџеи која гарантира одлична новогодишна журка. Значи, 31 декември  ФАНКИ ФРЕШ НОВА 2017 во Сити Хол.
Влезниците во претпродажба чинат 650 денари, а истите можат да се набават во продажната мрежа на www.mktickets.mk.
Линк до FB евентот.