По локалните избори Македонија ќе го смени името на скопскиот аеродром Александар Велики, пишува во својата анализа угледниот германски весник, Франкфурте Алгемајне Цајтунг, повикувајќи се на добро упатени извори.

Според весникот, во игра се повеќе имиња меѓу кои и Мајка Тереза или пак некое име со географска одредница.

„Можно е македонската влада по локалните избори да се одлучи на таков чекор и да го преименува аеродромот со некоја географска одредница или, на пример, во Мајка Тереза“, пишува ФАЦ.

Лицитирајќи со можните имиња кои државата би можела да ги добие при евентуален договор, весникот како примери ги наведува „Нова Македонија и Горна Македонија“, но притоа дополнува дека името на државата и не е најголемиот проблем, туку барањето на Атина да се сменат и името на народот и на јазикот.