Езеро Треска: Некогашната префинета скопска убавина денес заборавена скапана атракција

Се сеќавате ли на деновите кога секој слободен момент во летните горештини го користевме за да се разладиме и да уживаме покрај езерото Треска? Место кое пред неколку години беше префинета скопска убавина, а денес заборавена скапана атракција...

Иако, многу пати беше ветувано дека оваа езеро повторно ќе заблеска, се уште ниту трага ниту глас од такво нешто. Ситуацијата секој ден е се поочајна. 

Некогашното место за одмор  Треска,  кое беше преполно со луѓе, денеска претворено во пустош, со обраснати треви, отпад. Водата во која  за време на викендите скопјани заедно со своите семејства  се ладеа од горештините во градот,  е валкана, околу неа се испишани табли капењето е забрането. Во пустошот во Треска може да се забележат само неколку автомобили, главно од жителите од околните места како Сарај кои дошле на кратко да прошетата околу езерото.  

Во камп приколките пак кои се останати живеат семејства кои немаат покрив над глава. Постојано се слушаат гласини околу неговото повторно функционирање. 

Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје. Езерото било место за релаксирање на скопјани цели 20 години, се до 1998 година кога истото е затворено за капачи поради загаденоста на водата.

Постојано се наслушнуваат секакви муабети околу неговото повторно функционирање како главна летна атракција на скопјани.

Претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, свечено го отворил овој спортско-рекреативниот комплекс „Езеро Треска“ во 1978 година при неговата посета на Скопје.