EXIT го подготви најголемиот новогодишен подарок: Пет фестивали по цена за еден!

Отворена најголемата празнична акција откако постои EXIT, во која со купување на влезница за EXIT фестивал по промо цена од 3580 денари, на подарок се добиваат и четири влезници за останатите четири фестивали од EXIT Freedom 2018 потфатот.

Покрај Exit, тука се и новиот Festival 84 на олимписката Јахорина, Sea Star фестивалот во Умаг, Revolution во Темишвар, како и Sea Dance во Будва. Акцијата важи за сите кои веќе ја купиле или допрва ќе ја купат својата влезница за EXIT фестивал, а единствен услов е да се регистрираат во периодот од 15-ти до 28-ми февруари на сајтот www.exitfest.org и на тој начин да го потврдат своето доаѓање на останатите фестивали. 

Бројот на влезници во оваа акција е многу ограничен, а акцијата трае најдоцна до крајот на оваа година или и порано, до истекот на предвидениот контингент за оваа намена!

Влезниците во Македонија можете да ги купите во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Во продажба е и многу ограничен број на туристички пакети за EXIT фестивал веќе од 75 евра. Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на Exit Trip, официјалниот туристички сервис на EXIT фестивал, може да се одбере и друг тип на сместување, во хотели, хостели или апартмани.

За сите љубители на зимските спортови достапен е и многу ограничен број на туристички пакети за новиот Фестивал 84 на Јахорина, по цена веќе од 49 евра со влезница за фестивалот, дводневен ски пас и сместување. Во подготовка се и нови, исклучително атрактивни пакети за Sea Star. Повеќе информации на www.exittrip.org.