Евтините кинески производи ги убиваат старите занаети - се жалат преостанатите занаетчии од скопска чаршија

Евтините кинески производи, но и напредокот на технологијата ги убиваат старите заенаети, се жалат неколкуте преостанати занаетчии во Старата скопска чаршија. Од стотината калајџии, алваџии, бозаџии, јорганџии, казанџии, кујунџии, папуџии и ковачи денеска само уште неколкумина, претежно повозрасни луѓе ги одржуваат занаетчиските дуќани во чаршијата. 

Занаетите најчесто ги наследувале од своите предци. 

-Последна генерација сум од ковачкиот занает што го наследив од прадедоми, дедо ми и татко ми. Инаку, син ми нема да ја работи оваа работа. 

За волја на вистината занаетите во Скопје постепено исчезнуваат од почетокот на минатиот век, а особено меѓу двете светски војни.

За разлика од ковачите кои се жртви на напредокот, кројачите и папуџиите велат дека најголемата опасност за нив се евтините кинески производи. 

Се чини дека занаетчиите во чаршијата веќе им го отстапија местото на трговците.