Евтина боја или неквалитетна работа: Дождот ја однесе бојата од пешачките на Партизанска

Првиот дожд кој вчера падна во Скопје, ја однесе белата боја со која неодамна беа обележани пешачките премини на булеварот Партизански одреди. 

Фотографиите објавени во групата “Ѕид на сообраќаен срам„ сведочат дека по само еден месец од бојадисувањето пешачките премини се избледени, а бојата веќе ја нема.

Граѓаните нервозно коментираат дека наместо квалитетна боја, градот набавува евтина боја и дека последиците се од неквалитетно завршена работа.