Евтин квадрат и ниски комуналии за проектот „Куќа за млади„ во Општина Илинден

-Општина Илинден активно се вклучува во реализацијата на Поектот „Куќа за млади“, со тоа што во продолжение на населбата Јака Општината ќе обезбеди уште 850 градежни парцели за изградба на семејни куќи, како и уште 150 парцели за индивидуално домување во населеното место Ајватовци, велат надлежните од Општина Илинден.

Сонот за сопствен дом станува реалност за сите граѓани. Со поволностите и субвенциите кои ги нуди Владата на РМ преку проектот „Купи куќа купи стан„ со сопствен дом се стекнале повеќе од 720 лица, додека пак проектот „Куќа за млади„ е чекор напред во однос на предходниот проект бидејќи се зголемени субвенциите и поддршката од Владата. За актуелниот проект „Куќа за млади„ предвидени се два модела: субвенционирана рата или покривање на учеството, со тоа што кај моделот рата, државата во првите 8 години покрива 80% од ратата, а во деветтата, десеттата и во единаесеттата година субвенцијата изнесува 50%. Скопските општини се вклучени во проектот се со цел да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани во постапката за поднесување на документи и за наоѓање земјиште на кое ќе се изгради куќата. Општината Илинден е една од поинтересните општини за изградба на куќи, се наоѓа на само десетина километри од центарот на Скопје, а сепак далеку од градскиот метеж. Покрај атрактивните евтини парцели за изградба на семејни куќи, поволност во Општина Илинден се и ниските комуналии кои што изнесуваат две евра за метар квадратен во централниот дел на Општината, како и бесплатните проекти. Од Општината посочуваат дека се вклучени во реализацијата на новиот проект и дека истиот предизвикал голем интерес кај граѓаните.

-Општина Илинден активно се вклучува во реализацијата на Поектот „Купи куќа за млади“, со тоа што во продолжение на населбата Јака Општината ќе обезбеди уште 850 градежни парцели за изградба на семејни куќи, како и уште 150 парцели за индивидуално домување во населеното место Ајватовци. Проектот Купи куќа за млади предизвика голем интерес, особено затоа што последниве години Општината покрај тоа што е позната инвеститорска дестинација за бизнисмените, станува и посакувано место за живеење, посочуваат од Општина Илинден. Тие понатаму објаснуваат дека ваквата состојба се должи и на изградбата на новата населба Јака со која е опфатено урбанизирање на простор со површина од 32 хектара на градежно неизградено државно земјиште кој опфаќа 500 градежни парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир и се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град.

Бесплатни проекти за градба

Парцелите се со површина од 400 до 500 м2, а за отуѓување преку електронско јавно наддавање останаа уште 10 парцели. Одобрение за градба имаат добиено 285 инвеститори, додека пак 224 инвеститори ги искористиле бесплатните проекти, поволност што во рамките на својата иновативност Општина Илинден им ја нуди на инвеститорите кои можат да одберат еден од четирите понудени бесплатни проекти за изградба на семејни куќи.

Со прифаќање на еден од овие бесплатни проекти од страна на инвеститорите се овозможува: граѓаните да заштедат до 1.000 евра колку што обично чини изработката на ваквите проекти, општината ќе добие многу поубав лик, се олеснува работата на администрацијата и се забрзува постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат, односно се скратува рокот за издавање на одобренија за градба, на само неколку дена, посочуваат надлежните од Општината.

Ниски комуналии

Покрај атрактивните евтини парцели за изградба на семејни куќи, поволност се и ниските комуналии кои што изнесуваа 2 евра за метар квадратен во централниот дел на Општината. Постапката за добивање на градежна дозвола се одвива преку електронскиот систем Е-одобренија за градење. Со воведување на овој систем граѓаните по електронски пат можат да ги поднесуваат документите за добивање на одобрение за градба. Електронското издавање на одобренија за градење овозможува запазување на утврдените роковите за добивање на одобрението за градба, во сите негови фази, од поднесување и потпишување на потребната докумантација од страна на инвеститорот, електронска подготовка и донесување на актите во постапката, електронско известување и обезбедување на потребните податоци и документација, како и електронско издавање на одобрение за градење. Дополнителна предност на овој информациски систем е што инвеститорите можат барањето да го поднесат од било која локација, која има интернет пристап, независно дали е во земјава или во странство.