ЕВТИН И БРЗ РУЧЕК: Пржени пиперки во павлака!

Кога немате време, нерви и пари за богат ручек, посегнете по овој фантастичен рецепт од пржен зеленчук во павлака!

СОСТОЈКИ:

5-6 пиперки

2 лажици масло

3-4 чешниња лук

2-4 лажици кисела павлака 

сол

колбаси или некое друго месо (по желба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измијте ги пиперките, исчистете ги од петелки, исечете ги на филети, посолете ги и пржете ги (ставете и месо, ако сакате) поклопено на масло, повремено мешајте, така 15-тина минути.

Потоа додајте ситно сечкан лук и кисела павлака, измешајте и ручекот е готов!