Кога немате време, нерви и пари за богат ручек, посегнете по овој фантастичен рецепт од пржен зеленчук и јајца!
Состојки:
5-6 пиперки
2 лажици масло
3-4 чешниња лук
3 јајца
сол
колбаси или некое друго месо (по желба)
Начин на подготовка:
Измијте ги пиперките, исчистете ги на парчиња посолете ги и пржете ги (ставете и месо, ако сакате) поклопено на масло, повремено мешајте, така 15-тина минути.
Потоа додајте ситно сечкан лук и јајцата, измешајте и ручекот е готов!