Евровизиската “Lost and found” ќе биде промовирана во централниот дневник на МРТ

Бојан и Марија од „Ај Кју“, минатата недела беа во Лисабон за снимањето на македонската евровизиска видео-разгледница. Според идејата на организаторите, оваа година разгледниците на сите земји ќе прикажуваат дел од културата и убавините на Португалија.

Спотот на „Ај Кју“, македонскиот претставник на „Песна на Евровизија 2018“ во Лисабон, Португалија, со темата „Lost and Found“ ќе биде претставен на 11. март во централниот дневник на Македонска Радио Телевизија.