Евровизија 2017: Конкурс за песни за Јана Бурческа

Младата пејачка Јана Бурческа е преставникот на Македонија на Изборот за песна на Евровизија 2017. По интерниот избор на изведувачот, МРТВ објави конкурс за композиции од домашни и странски автори.

Изминатите години изборот на авторскиот тим беше интерен во договор со пејачот. Оваа година, јавниот сервис се одлучи за поинаков пристап кон изборот за песна. МТВ објави конкурс за евровизиски композиции за Јана Бурческа до крајот на годинава.

Од првото преставување на Македонија на евровизискиот избор во 1998, нашиот преставник беше избран преку Скопскиот фестивал. Исклучок беше во 2004, кога МРТ се одлучи за интерен избор на изведувачот и организираше избор на песна за преставникот. Во 2005 изборот се стесни на двајца пејачи кои изведоа по четири песни, од кој се избра победничката. Потоа повторно преставникот беше избран преку Скопскиот фестивал, се до 2012 кога интерно беше избран и преставникот и авторскиот тим. На овој начин се избираше преставникот и песната во изминатите пет години,а оваа година МТВ повторно се одлучи за интерен избор, но композицијата ќе се избере од пристигнатите песни од објавениот повик до авторите.

По завршување на конкурсот, сите пријавени песни ќе бидат преслушани и интерно ќе биде направен изборот за нашето преставување на 62. издание на Евровизија.

Се очекува песната да биде избрана до Нова Година,а потоа јавноста ќе биде известена за датумот на официјално преставување на композицијата.

Дали ова е вистинскиот начин на избор ќе дознаеме на Евровизија 2017, која ќе се одржи на 9,11 и 13 мај во Киев,Украина.