Европски видео натпревар „Мојот град, наше наследство“

Мојот град, наше наследство“ е насловот на Европскиот видео натпревар кој e посветен на убавината и културното наследство во градовите во Европа, а се случува во периодот меѓу 15 јуни и 15 август, 2018 г. 

Право на учество имаат сите заинтересирани кои ќе испратат кратко видео за културното наследство во својот град или држава (2-5 минути). Можат да бидат прикажани споменици, згради и места по кои е познат градот, но исто така може да биде опфатена и традиционалната исхрана, концерти и ноќен живот.

Своите видеа можете да ги испратите на следната е-маил адреса: info@ied.eu до 15/08/2018 г. Доколку тие се подолги ,  можат да бидат испратени и преку  WeTransfer платформата.

По селекција од страна на жири комисија, ќе бидат избрани две најдобри видеа, а победникот ќе биде избран на Фејсбук, според бројот на лајкови.

Официјалниот победник ќе биде објавен во септември , а тој добива можност да учествува на  Фестивалот за солидарност кој се одржува во Стразбур, Франција, во ноември 2018 г. Сите трошоци за пат, сместување и храна за  победникот се покриени.