Еврејско маало (понекогаш наречено Еврејско Чивутско маало или Чивутана) — скопско маало, сместено во подножјето на Калето на самиот брег на реката Вардар, во продолжение на Пајко маало.

Маалото сѐ до крајот на XIX век, било едно од најсиромашните и најконзервативните четврти на Скопје до кое не допреле речиси никакви промени. Во почетокот на XX век, со збогатувањето на неговите жители на овој простор започнале да никнуваат поголеми и поубави куќи соевроспки архитектонски елементи на градба и стилови, кои почнале да го менуваат неговиот изглед, особено по должината на реката Вардар. Таков е примерот со Народен театар, чија изградба траела во периодот 1921-1927 година, како и зградата на скопската општина, урната во земјотресот од 1963 година.

Маалото го губи еврејскиот идентитет со депортирањето на неговите жители во концентрацискиот логор Треблинка  во март 1943 година.

По земјотресот ова маало е урнато и на негово место се направени улици и меѓуградската автобуска станица на чие место денеска постои музеј посветен на холокаустот.