ЕВН стартува со воведувањето на дневната евтина тарифа

ЕВН Македонија од денес започнува со воведување на евтината тарифа на секое броило поединечно, по направените подготовки за имплементација.

Воведувањето на евтината тарифа ќе оди етапно, во зависност од читачката група на која припаѓа корисникот. Корисниците се однапред информирани преку сметката за електрична енергија во кој период ќе им биде адаптирано броилото согласно планот на отчитувачки групи на следната фотографија:

Прилагодувањето на секое поединечно броило е мануелно, за што е потребно физички контакт со секое броило од страна на екипите на ЕВН, во времетраење од 45 секунди до една  минута во зависност од типот на броило. На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во периодот од 14-16ч од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2. Сетирањето на сите достапни броила за мерење по новата тарифа би требало да се заврши до крајот на месец октомври.

Во наредниот период 800.000 броила низ територијата на цела држава ќе бидат прилагодени на новата дневна евтина тарифа согласно одлуката на Владата на РМ и РКЕ. Тоа значи дека  покрај стандардната ноќна евтина тарифа од 22ч до 7ч и целодневната евтина тарифа во недела, корисниците  ќе добијат и  дневна евтина тарифа во периодот од 14ч до 16ч. секој работен ден и сабота, информираат од ЕВН.