ЕВН најави исклучување за утре во Скопје

Без струја утре, како што информираат од РЦУК на Град Скопје, ќе бидат делови од општините Илинден, Карпош, Сарај и Центар.

Во време од 6:20 до 7:20 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од индустриска зона Илинден, делот зад фабриката Суташ, Живинарска фарма и околните објекти во општина Илинден, а од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од душевната болница Бардовци во општина Карпош.

Без електрична енергија во време од 9 до 15 часот утре ќе бидат дел од корисниците од село Шишево во општина Сарај, а од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 51 во општина Центар.