ЕВН најави исклучување - еве каде утре ќе нема струја

Без електрична енергија утре од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Петар Дељан“ бр. 2, во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-системот.

Од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од село Љубош, во општина Студеничани.

Без струја утре од 9:00 до 14:30 часот ќе останат корисниците наспроти Јаја Пашина џамија, во општина Чаир, а од 9:30 до 15:00 часот и корисниците од улица „Лука Геров“, подулици 4, 6 и 8 во општина Ѓорче Петров.

Од 8:30 до 15:00 часот утре без електрична енергија ќе бидат улиците „Антон Попов“ броеви 83, 85, 87, 89 и 91, делот позди амбулантата и позади пазарчето, пазарчето и Жито Маркет на улица „Маџари“, во општина Гази Баба. Без струја, исто така, од 10:00 до 14:00 часот ќе останат и корисниците од улица „Никола Парапунов“ кулите број 1, 3 и 5, во општина Карпош.