Воведувањето на систем за управување со енергија и имплементација на стандарот ИСО 50001 во компаниите беше главна тема на работилницата која се одржа во Стопанската комора на Македонија. На работилницата учествуваа 11 компании од Македонија, селектирани клиенти на ЕВН Македонија, со просечна потрошувачка од 3 GWh годишно. 

Работилницата е дел од проектот„Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии” кој што се спроведува од страна на РЕЦ Канцеларија во Македонија, а со финансиска поддршка од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и контрибуција обезбедена од страна на UNIDO, РЕЦ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, USAID и Македонската банка за поддршка на развојот. 

ЕВН Македонија учествува во втората фаза на програмата за спроведување систем за управување со енергија со цел имплементација на стандардот ИСО 50001 во компанијата, а ќе обезбеди и помош на свои клиенти што ќе изразат интерес. Главната цел е ЕВН Македонија да продолжи со имлементирање на програмата во улога на репликатор и по завршувањето на проектот, со цел македонските компании да добијат соодветна експертиза од оваа област која во крајна линија ќе значи подобрување на нивната конкурентнсот и ќе ја зголеми енергетската ефикасност во сите нивоа од работењето на компаниите. 

„Наша цел е да бидеме партнер на компаниите во воведувањето напредни технологии и стнадарди што ќе значи посилни компании кои ќе креираат развој во општеството“, истакна Штефан Петер,претседател на Бордот на директори на ЕВН Македонија. 

Учесниците на работилницата ги претставија своите компании и изразија интерес за вклучување во програма за градење на капацитетите за примена на системот за управување со енергија. На работилницата се дискутираа модалитети за техничка помош на избраните клиенти на ЕВН Македонија. 

Во следниот период ќе се остварат поединечни средби со менаџментот на компаниите со цел да се дефинираат следни чекори за можно приклучување во програмата за репликација на проектот за воведување систем за управување со енергија според стандардот ИСО 50001.

Во рамките на работилницата свое обраќање имаа и Билјана Пеева – Ѓуриќ, директорка на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Република Македонија, и Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.