ЕВН ИНФОРМИРА: Делови од четири скопски општини утре без струја

Дуќаните и куќите со парни броеви од број 2 до број 26 лоцирани на улицата „Ќурчинска“ во Старата скопска чаршија утре од 8:30 до 13 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 13 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“, објектот на „Пуцко Петрол“ (Октан) во општина Аеродром, како и корисниците од населбата Драчево, улиците „Речиште“, „Јустинијан Први“, делот од Драчево кон селото Студеничани.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од жителите од селата Семениште и Чајлане во општина Сарај, а од 11 до 13 часот корисниците од улиците „Македонско-косовска бригада“ и „17“ во општина Чаир.

Корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ и објектот на „Баде Новус“ утре ќе бидат без струја од 11 до 15:30 часот.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.