Млад студент од еден универзитет тргна на прошетка со својот професор. Додека шетаа и разговараа, покрај патот здогледаа пар стари чевли, кои, судејќи според изгледот му прираѓале на селанецот кој во близина ја обработувал својата земја. 

Студентот му предложил на професорот: Ајде да се пошегуваме со селанецот, да му ги сокриеме кондурите и да се сокриеме, па да ја видиме неговата реакција додека ги бара! Професорот смирено му одговорил: Момче, никогаш не се шегувај на сметка на туѓата несреќа и беда. Со оглед на тоа дека си богат, можеш себеси да си приуштиш поголемо задоволство од несреќата на овој сиромав човек. Стави по еден златен дукат во двете кондури, па тогаш да ја видиме неговата реакција. 

Студентот така и направил, па се сокриле со професорот позади околните грмушки и почекале селанецот да ја заврши работата во полето. Селанецот изморено дочекорил до местото каде ги оставил своите кондури и капутот. Првично помислил дека се камчиња, но набргу сфатил дека се работи за златни дукати! Изненадено барал да види дали има некој во близина, но не успеал да ги види студентот и професорот, па замислено го гледал дукатот. Го ставил во својот џеб и тргнал да ја обуе и другата кондура. Неговото изненадување било уште поголемо, кога видел дека и во другата кондура се крие дукат! Го обземале емоции, па се фрлил на земјата и гледајќи во небото гласно почнал да се моли во знак на благодарност. Во молитвата тој говорел за својата болна и беспомошна жена и своите гладни деца, па благодарение на невидливата рака, ќе успее да ги спаси! 

Студентот останал вџашен, со солзи во очите. Професорот потоа го прашал: Би бил ли посреќен да се пошегуваше со селанецот, отколку што си сега? Момчето одговори: Ме научивте лекција, која никогаш нема да ја заборавам. Сега навистина ги разбирам зборовите „Поблагословен е оној кој дарува, од оној кој го прима дарот!“.