Еве зошто никогаш не треба да зборите за нешто што и самите не сте го искусиле

Постои една мудра приказна за еден стар учител кај кого дошла една жена со со своето мало дете и му рекла:

„Веќе сум уморна од ова дете, јаде премногу слатки и се плашам дека ќе се разболи и дека ќе му се расипат забите. Покрај тоа, постојано нешто го боли, желудник, ова, она, а јаде само слатко и ништо друго. Направете нешто. Знам дека ќе ве слуша вас.“

Учителот го погледнал детето и рекол:

„Дојдете за една недела“

Жената се изненадила, затоа што секогаш кога одела кај него за праша нешто за животот, смртта, Бог, небото и пеколот, тој веднаш давал одговор. Сега се работело за некаква ситница, само да му нареди на детето, а затоа му се потребни седум дена.“

Кога дошла по седум дена, учителот рекол:

„Жал ми е. Вратете се за две недели, сѐ уште не сум подготвен да кажам нешто.“

На тоа дури и детето се изненадило. Кога повторно се вратиле, учителот го погледнал детето и рекол:

„Можеш да го постигнеш тоа.“

И детето рекло: „И потребни ви беа три недели за да ми го кажете тоа?“

Учителот рекол: „Тоа е затоа што и јас сакам слатки и благо. Морав да се обидам и да видам дали можам или не можам без нив, затоа што како инаку би можел да ти објаснам? Тоа би било лага, а знам дека е тешко.“

Детето заинтересирано го слушало, а жената рекла:

„Можевте само да му наредите, не требаше да му докажувате.“

„Не можам да говорам за нешто што не сум го искусил. Никогаш не сум изговорил нешто што не сум го искусил, затоа што ако го направам тоа, изговореното губи нешто, бидејќи во него нема вистина.

Кога човек зборува од сопствено искуство, тоа продира длабоко. Јас го знаев тоа. Те погледнав во очи и почувствував дека ти би можел да го направиш тоа. Јас сум стар човек, јас сум слаб, мене ми требаа три недели. Ти си млад,ти тоа можеш да го постигнеш за еден ден. Таков е мојот начин.“

Никогаш не зборувајте за нешто што и самите не сте го искусиле, затоа што без лично искуство нема вистина!

air max 90 essential sale