Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со обувки

Денес ретко кој ги тера своите гости да се соблечат при влегувањето во нивниот дом, а оние кои што тоа го прават, многумина ги сметаат за чудаци... Сепак, тие и тоа како се во право!

Доколку се прашувате дали би требало да ги соблечете обувките пред вратата или да влезете во домот со нив, имајте го во предвид фактот дека на тој начин ќе внесете најразлични бактерии и отрови.

Во продолжение дознајте неколку причини кои што ќе ве натераат отсега обувките да ги оставате пред вратата од вашиот дом и онаму каде што доаѓате на гости.

Бактерии

При влегувањето во домот, со обувките внесувате најразлични бактерии. Една студија спроведена на Универзитетот во Аризона испитувала колку и какви бактерии се наоѓаат на обувките.

Крајниот заклучок бил дека на надворешната страна од обувките има дури 420.000 бактерии, вклучувајќи ја и Ешерихија Коли, бактерија која предизвикува дијареа, а биле пронајдени и бактерии кои што се опасни за белите дробови и кои предизвикуваат менингитис.

Отрови

Едно истражување спроведено од страна на ”Environmental Science & Technology“ открило дека со обувките во домот внесуваме најразлични отрови, помеѓу кои се наоѓаат и некои навистина штетни пестициди.

Друго неодамна спроведено истражување покажало дека 98% од оловната прашина во домот, која што исто така е сериозно штетна, доаѓа преку обувките.

Нечистотија

За миг заборавајќи на бактериите и отровите, преку обувките во домот внесуваме и кал, прашина и друг вид на нечистотии, што значи дека подоцна ќе бидеме приморани да потрошиме повеќе пари и време за чистење.

Вознемирување на жителите на домот

Кога во домот влегувате со обувките, притоа правите поголема врева, особено доколку со високи потпетици се движите врз плочки. Затоа, соблечете ги вашите обувки пред да влезете во домот и на тој начин овозможете им мирен сон на вашите најблиски.

Стапалата сакаат да се слободни

Освен доколку не носите специјални обувки за поддршка, која што се носат поради одреден деформитет, за вашите стапала сигурно е поздраво да не бидат заробени во кондури или патики, кога веќе не е неопходно.

 

air max 90 essential sale