Еве зошто Манасков им се извини на „Комити“

Дејан Манасков пред мечот со Кјелце се извини на „комитите“, доби аплауз од сите присутни во салата, па сега е подготвен да сврти нов лист и целосно да се насочи кон настапите на теренот.

Фото: Фб-профил на Дејан Манасков

„Не би рекол дека бев нервозен поради претходните случувања, но никому не може да му биде сеедно при една таква ситуација. Се извинив бидејќи сметав дека така е најдобро за сите, сега се насочувам кон своите настапи на теренот. Како што реков и на првата прес-конференција, сакам да играм добар ракомет со Вардар и да давам многу голови. Ќе се обидам да го остварам тоа, секако со поддршка од трибините“ – изјави Манасков за ЕКИПА.