Еве што мислат жените за оралниот секс: Вистини што секој маж треба да ги знае

Беше табу тема, а сега за оралниот секс се зборува отворено, но сепак, постојат работи кои се уште не му се познати на посилниот пол. Кога ќе дознаат како овој вид на секс изгледа од женскиот агол, тоа може да го промени нивното однесување.

Жените никако не сакаат кога мажот им ја придвижува главата кон неговата интимна област. Причината е јасна, во оваа ситуација тие чувствуваат дека сексот им е обврска, а не задоволство и доброволна одлука.

Припадничките на понежниот пол повеќе сакаат во оралниот секс да уживаат во кревет, отколку на колена, иако знаат дека ова им дава големо задоволство на мажите.

Мислењата се поделени дури и кога оралниот секс е под туш, зашто за многумина овој чин е премногу комплициран.

Жените сакаат да изгледаат убаво за време на оралниот секс, можеби звучи чудно, но дури и тогаш им се допаѓаат комплиментите поради нивниот изглед.

Тие би сакале да бидат предупредени од мажите пред кулминацијата, но, исто така, да не очекуваат жената да биде подготвена за акција во секој момент.

Кога е во прашање обратен тип на орален секс, и тука ставовите на жените се поделени. Ист број на жени го сакаат, но и не го сакаат ова сексусално искуство.