Еве кои државни институции од први септември ќе работат во две смени

Дел од државните институции од први септември ќе работат во две смени.

УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите кои првично ќе почнат да работат во две смени.

Тие ќе започнуваат со работно време од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот. Исто така, овие институции ќе работат и во првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Од Министерството за администрација и информатичко општество информираат дека во иднина листата на институции кои ќе работат во две смени може и да се дополнува. 

cheap nike air max 90