Еве ги деталите за пожарот во дворот на МВР

Патничко возило на МВР од марката „Пинц Гауер“ утрово во 10 часот се запали во дворот на Министерството за внатрешни работи во делот кај бензинската пумпа, од засега непознати причини.

-По моја информација две возила од Тафталиџе и една екипа од Автокоманда беа на терен и пожарот е локализиран, при што нема никаква опасност, ова за КУРИР го вели Владимир Симоновски, командирот на против пожарната бригата.

Во пожарот биле опфатени кабината и платното на автомобилот, по што се повлекле и екипите од терен бидејќи бил локализиран пожарот на време.

Видео од пожарот објави и Пресинг ТВ, погледнете.

nike air max 2019 nz