Еуро 2020: Македонија и без победа може да се пласира понатаму!

Во нашата група Б е вистински хаос. Кој ќе остане во Виена, а кој ќе се враќа дома, може биде познато по завршување токму на дуелот меѓу Македонија и Чешка.

На нашата репрезентација за пласман во главната рунда и одговараат неколку варијатни.

-Најсигурна и најдобра варијатна е да ја победиме Австрија со два гола. На овој начин Македонија ќе пренесе два бода.

-За пренесување на бодови работа ќе ни заврши и победа од еден гол, но најважниот услов е да постигнеме барем 32 погодоци и повеќе.

-Македонија и со нерешено може да го завери билетот за пласман меѓу најдобрите 12 репрезентации на ЕП, но под услов Украина да приреди изненадување и да ја совлада Чешка. Во оваа ситуација нема да пренесеме бодови.

Дуелот меѓу Македонија и Австрија е закажан со почеток во 18:15 часот.