Естонец во Скопје олеснат за 30.000 денари

Естонски државјанин е ограбен вчера кога од неговото возило паркирано на булеварот „Гоце Делчев“ се украдени ранец со документи и патни торби, со што е причинета материјална штета од околу 30 илјади денари.

МВР соопшти дека вчера е пријавено оти во периодот од 12:30 до 13:30 часот од возилото волво XC60 на 46-годишниот Естонец К.Ј. одземени му се ранец со документи, три патни торби со женска спортска облека и женска козметика и две патни торби со машка гардероба и машка козметика.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.