Есенска акција за садење дрвја низ скопските паркови

За обновување на уништените дрвореди и подигнување нови вчера беа засадени 160 висококвалитетни зимзелени садници на повеќе локации во Скопје.

Есенската акција за садење почна неделава и ќе продолжи во наредниот период со разеленување во сите скопски општини, информираат од Град Скопје.