Епицентарот на земјотресот кој го стресе Скопје бил во Аеродром

Силен земјострес утрово во 06:57 часот ги разбуди Скопјани. Земјотресот бил со јачина од 4.4 степени според европската скала, на длабочина од 2 километри.

Според координатите на европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е во скопски Аеродром, поточно на улицата Трета Македонска бригада.