ЕП - Хрватска 2018: Позната сатницата на дуелите за втората фаза

Откако првиот дел од ЕП селекцијата на Македонија го заврши како првопласирана во загрепската Ц група, пред актуелниот европски првак Германија, бронзената од последното СП, Словенија и Црна Гора, црвено-жолтите се лидери и во новоформираната група 2, од вториот дел на првенството. 

 Македонија ќе стартува како лидер со 3 бода, пред фаворитите Шпанија, Данска, Германија и Чешка кои пренесоа по 2 бода, односно Словеника која ќе почне со 1 бод.

 Избраниците на Раул Гонзалез ќе имаат три  дена одмор се до првиот меч во недела кога за противник ќе ја има силната селекција на Шпанија. Два дена подоцна црвено-жолтите ќе играат против стариот познаник, Чешка, а во последното трето коло противник ќе им биде олимпискиот првак Данска. 

 Распоред на натпревраите во втората фаза:

 21 јануари – Македонија – Шпанија  од 20.30 часот

 23 јануари – Македонија – Чешка од 20.30 часот

 24 јануари – Македонија – Данска од 18.15 часот