Enrique Iglesias лично ве кани на концертот во арена „Борис Трајковски“ (ВИДЕО)

Покрај официјалната објава на Авалон продукција за концертот на мегапопуларниот латино пејач во Скопје на 20-ти јуни, Enrique Iglesias лично ве кани на концертот во арена „Борис Трајковски“ преку видео кое вчера во текот на денот официјално беше објавено на неговата фан страни на социјалните мрежи.

Влезниците може да се најдат на продажни места на Купи карти за се и Тикет Плус, како и онлајн, по следниве категории:

- GOLDEN PIT PARTER- 1.500 денари (поради бината која има испуст од 17 метри и гледачот ќе има ексклузивна можност да го гледа Enrique Iglesias од блиска позиција).
- ТРИБИНА (на седење, нумерирано) 1.990 денари
- GOLDEN SEATS TРИБИНА (на седење, нумерирано) 2.600 денари
- VIP 3.100 денари

Видеото можете да го погледнете овде