Емотивното писмо на Никола Тесла до својата мајка кое нема да ве остави рамнодушни!

Никола Тесла е еден од најголемите генијалци кои постоеле во човештвото и е човек на кој вечно сме му должни како човештво, поради неговите откритија и неговиот ум.

Но, малкумина знаат за неговата друга страна, приватната, емотивната страна на генијалецот. Во оваа прилика го издвојуваме ова трогатено писмо напишано кратко по смртта на неговата мајка.

„Недела, 22 декември

Ова писмо никогаш нема да го добиеш, Мајко. Не знам зошто ти го пишувам на тебе, која веќе никогаш нема да може да го прочита. Нека ти е лесна земјата, Мајко и прости ми што моите патишта ме одведоа од тебе, па не можам да ти дојдам ни на погреб. Ја читам телеграмата со веста за твојата смрт и ги презирам луѓето кои уште пред две години не беа подготвени да сфатат дека струјата може да се пренесе и без жица. Сега, еве, видоа дека може, ама повторно нема да знаат со векови да ја користат, затоа што некој ја запали мојата лабораторија до темел, со сите списи и нацрти. Ми рекоа дека се сомневаат на господин Едисон.

Толку сум рамнодушен што не се препознавам самиот себе. Претходно можеби ќе се јадев одвнатре, но сега веќе не, затоа што знам дека некој секако сето тоа го држи под контрола и дека „моето“ откритие прерано дојде за човештвото. И всушност, тоа не е ни „мое“. Знам дека некој гледа се и дека има план и затоа и можеби сум рамнодушен.

Мојот брод за Лисабон трга во 11 часот. Автомобилот надвор ме чека.

Ова писмо ќе го положам на твојот гроб, кога ќе стигнам на нашите селски гробишта. Сега верувам во тоа што никогаш не верував, дека таму некаде ти се уште постоиш и дека твојот живот не престана засекогаш. Сега ми е жал што никогаш не се дружев со Маврите, затоа што они пееја исто како оние од моите ливади.

Залудни се моите години поминати во науката, кога таа стана јалова. Моли се таму за мене, Мајко, ако можеш, за изгубената душа на твојот кутар, неук син...“