Елмас: „Јас сум горд Македонец“ (фото)

Македонија доби нов лидер, нов Горан Пандев, во ликот и делото на Елиф Елмас, кој блескаше на синоќешниот натпревар со Летонија, а изутринава одново покажа со каква гордост го носи националниот дрес.

На својата Фејсбук страна ја постираше сликата од прославата на првиот гол, гестикулирајќи дека е за Пандев и напиша „Гранде Пандев! Горд сум што сум Македонец“.