Елмас има огромно срце: Малиот Јане во инвалидска количка го доби неговиот дрес

Елиф Елмас уште на 18 години покажува дека е добар човек со големо срце.

На доделувањето на наградите на ФФМ, македонскиот репрезентативец направи убав гест, подарувајќи му свој дрес на 9-годишниот Јане Велковски, детето кое стана македонски амбасадор на УЕФА во програмата „Игра за сите“.

Елмас го побарал од ФФМ, а оттаму се погрижиле да му го сочуваат, но само десетина минути откако го доби Елмас му го подари на малиот Јане.

Деветгодишното дете болно од спинална мускулна атрофија доби свои пет минути на сцената, а кога требаше да си замине, Елмас самоиницијативно се качи на сцената.

-Сакам мојот дрес да му го подарам на Јане, речол Елмас.