Елитна скопска населба среде зеленило со трговски центар и забавен парк

Во близина на автопатот Скопје-Миладоновци во делот пред патарината може да видат како никнува нова населба на некогашниот празен зелен рид во атарот на Марино.

Се работи за новата населба Јака на територијата на Илинден за која изминативе неколку години Општината продаде 330 градежни парцели со површина од 400 до 500 квадратни метри.

Според изјавата на градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски ѓпрвата замисла била оваа населба да биде наменета за млади брачни двојки или за луѓе што не се финансиски многу моќни. Целта не ни беше да правиме елитна населба, туку да им овозможиме на граѓаните со помалку пари или со кредитно задолжување да си изградат дом. Неколку од нив го искористија и кредитното задолжување преку проектот на Владата „Kупи куќа, купи стан“.

Ова го искористиле граѓани не само од Илинден, туку и од соседните општини и од речиси сите градови во Македонија.

Општината планира овој капитален проект чиј резултат ќе биде нова типска населба со 500 куќи да биде комплетиран за речиси една години.

Предвидени се и трговски центар, хотелско-сместувачки капацитети, забавен парк, спортско-рекреатвен центар и плоштад. Отуѓена е и градежната парцела за хотелот и ќе почне да се гради од в година. Ќе го гради домашната компанија „Луна корпорација“ од Скопје. Парцелата за трговскиот центар се уште не е отуѓена. Забавниот парк и спортските терени ќе ги гради Општината.