Еликсир против настинки и грип кој ќе го разбуди вашиот организам

Овој еликсир успешно ги победува настинките – ги спречува кивавицата и кашлицата, ја намалува температурата.

Составен е од намирниците кои ги спречуваат воспаленијата,а  содржат и витамини и минерали и многу хранливи материи.

Потребни состојки:

3 шолји превриена вода

1 изрендан ѓумбир

5 лажици јаболков оцет

5 лажици мед

2 стапчиња цимет, или 1 лажица цимет во прав

малку бибер и малку сол

Во превриената вода додајте ги ѓумбирот, јаболковиот оцет, циметот, биберот и солта. Промешајте ги сите состојки, па додајте мед кога напитокот ќе се олади до собна температура. Испијте го додека е уште топол.

Совет: Консултирајте се со доктор, ако имате некои желудочни тегоби.