По три години од нивниот последен концерт во Скопје, омилениот бенд на скопската публика повторно доаѓа во градот убав.

Во епицентарот на сите овие случувања е и концертот во Скопје на 27 февруари на најурбаниот подиум, клубот ХАВАНА. Скопската публика ја има ексклузивната и неповторлива можност да биде првата која ќе го чуе најновиот албум во живо и ќе се потсети на најголемите хитови на Елементал од сите овие изминати 18 години.

Поводот е најважен до сега, Елементал влегуваат во полнолетство и слават 18 години постоење. Членовите на овој бенд ќе кажат дека овој период е најважниот во нивната кариера, на 5 март им е закажан нивниот најголем концерт до сега во „Домот на спортови“ во Загреб, а на 22 февруари официјално излегува нивниот најнов седми студиски албум најавен од сингловите „Goli i bosi“ и „Sve je moje tuđe“ кои со млоскавична брзина го освојуваат радискиот етер и слушателите ширум целиот регион.

Полнолетност, 18 години со рима, ритам и музика. Затоа овој нивни концерт ќе биде посебен за Елементал и сите нивни фанови од Македонија.

Влезници во претпродажба во строго ограничен број и по супер промотивна цена од 250 денари во ПОЛА ЈУГОТОН и добро познатите места на продажната мрежа купи карти за се или онјалн наwww.nastani.com.mk. Предпродажбата започнува на 10 февруари.