ЕЛЕМ доби нови членови на Управен и Надзорен одбор

АД Електрани на Македонија и официјално доби целосно ново раководство откако за генерален директор и претседател на Управен одбор е избран Драган Миновски кој доаѓа на местото на Христијан Мицкоски кој од неодамна е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Надзорниот одбор покрај Миновски ќе бидат дел и членовите Благојче Трповски, Ѓорги Михаилов, Иван Трпески и Марјанчо Николов.

Благојче Трповски ќе ја врши функцијата директор за производство на електрична енергија. Ѓорги Михаилов е назначен за директор за правни и општи работи, Иван Трпески ќе биде директор за развој и инвестиции, додека пак Марјанчо Николов е директор за комерцијални работи.

Исто така одбрани се и нови членови на Надзорниот одбор кој ќе го сочинуваат членовите Златко Перевски, Верица Узунова, Ѓоко Ташев и Сашо Додовски.

Измените се потврдени и со уписот во Централниот регистар на Република Македонија.