“EKV“ во сеќавање на Милан Младеновиќ за прв пат во Скопје!

На 14ти мај(сабота), во клубот Станица 26, во Скопје со почеток од 20:30 часот Иноватива Груп за прв пат Ви ги претставува “Деца из Воде“ EKV (Екатaрина Велика) Tribute Band. Проектот е создаден пред две години со идеја концертно да се одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, фронтменот на EKV, EKV како култен бенд и нивниот музички опус.

Едно од главните одбележја на овој бенд проект е тоа што е единствен EKV Tribute бенд кој е формиран во составот исто како некогашните EKV. Сите членови на овој состав се искусни и врвни музичари, а заедничката страст према EKV ги спои во овој проект и состав. На репертоарот се сите најголеми хитови од сите шест албуми на EKV, дополнително нивното деби “Катарина II“, а ги изведуваат и двата најголеми хитови од периодот на Милан Младеновиќ во групата “Шарло Акробата“. Од страна на музичката и стручна јавност бендот “Деца из воде“ е прогласен за најдобар EKV Tribute бенд, а нивниот звук и целиот настап се најблизу до оргиналниот. Бендот досега има реализирано преку 10 концерти, а на 14ти Мај е за прв пат во Скопје.

Публиката, освен концертот ќе има можност да види и интересни фотографии и видео спотови, а пред почетокот на концертот ќе биде емитуван краток ТВ филм “Дечак из воде“

Влезните билети за настанот во претпродажба може да се набават преку продажната мрежа на MKTickets по цена од 250 денари, а на денот на настанот, на влез на клубот Станица 26 ќе чинат 300ден.